Американскиот колеџ во Солун доделува 5 стипендии за додипломски и постдипломски студии

24

header-logoАмериканскиот Колеџ во Солун (ACT) нуди образовна можност преку доделување на целосни стипендии за школарина на пет исклучителни студенти кои сакаат да студираат во Солун, Грција и да се здобијат со глобално призната диплома, потврдена во САД и ЕУ.

За да го пријавите вашето учество во овој конкурс за стипендии, посетете го саемскиот простор на ACT и регистрирајте се за натпреварот за стипендии (или преку овој линк).

Тестот преку кој ќе се одредат добитниците на стипендии е тест на способности. Затоа, не ви е потребна претходна подготовка, само документ за лична идентификација.

Останати критериуми потребни да се исполнат со цел доделување на стипендија:
1. Диплома за завршено средно образование
2. Познавање на Англиски јазик

За да дознаете повеќе за потребниот степен на познавање на Англискиот јазик, посетете ја оваа страница.

За додипломските студии (B.A.) доделените стипендии се во времетраење од 4 години и ја покриваат целосната школарина додека за постдипломските студи (M.B.A.) стипендии се во времетрање од 1 година. Трошоците за живеење не спаѓаат во доделените стипении и се целосна одговорност на студентот.

Тестирањето ќе се врши на 10, 11 и 12 aприл, во рамките на Саемот Денови на Образование и Кариера на адреса: Скопски Саем, ул. Беласица бр.2, 1130 Скопје.

Термините за тестирањето се: cреда 10 април (11:30, 14:30, 17:30), четврток 11 и петок 12 април (11:00, 14:00, 17:00).

За повеќе информации можете да се обратите на Образовен Информативен Центар (ОИЦ) Скопје, лице за контакт: Маја Петрушева, +389 2 3246304; email: oicsk@oic.org.mk, или ACT Канцеларија за Уписи: +30.2310.398.238; email: admissions@act.edu.