Американскиот кошаркар Леброн Џејмс стана милијардер

41

Американскиот кошаркар Леброн Џејмс ја заработи својата прва милијарда, со што стана првиот активен НБА кошаркар кој ја надминал бројката од 1 милијарда долари, објави Си-Ен-Ен.

„Форбс“ објави дека ѕвездата од Лос Анџелес „максимално го проширил својот бизнис“, па собрал 1,2 милијарди долари, но без пресметани даноци.

Платата на Леброн Џејмс во три тима во НБА лигата во текот на 19 години достигна 383 милиони долари, а додаде уште 900 милиони долари од спонзорства и други деловни потфати, објави „Форбс“.

Фото: Facebook