Американскиот милијардер Џорџ Сорос заинтересиран за Croatia Airlines

27

croatia airlines

Хрватската влада започнува нова постапка за барање стратешки партнер на Croatia Airlines.

За компанијата, како што дознава Јутарњи лист, во неколку наврати се интересирала авиокомпанија со флота од 135 авиони и патува во 90 светски одредишта. Станува збор за компанија чиј косопственик е американскиот милијардер Џорс Сорос, кој поседува 18,6% од акциите во таа компанија.

Други извори на весникот тврдат дека за Croatia Airlines интерес може да пројави и Lufthansa, која е во фаза на реструктуирање.

Според информациите, тамошната влада би требало во текот на октомври да донесе одлука преку кој модел ќе се приватизира националната авиокомпанија. Според нацрт одлуката, од идниот партнер ќе се бара ширење на сообраќајната мрежа и зголемување на пазарниот удел, одржување на домашна и меѓународна мрежа на летови, докапитализација на компанијата, обнова на флотата и понатамошен развој на Croatia Airlines.

Главниот услов и понатаму е компанија надвор од ЕУ може да купи до 49% од компанијата, а компанија од ЕУ до 100% од сопственоста.

Croatia Airlines  е во фаза на реструктуирање и минатата година за прв пат по подолг период заврши со позитивен финансиски резултат. Процесот на реструктуирање би требало да заврши на крајот на следната година. Компанијата располага со 12 авиони и тешко може да се одржи на пазарот без сериозен стратешки партнер.