Американскиот национален долг на рекордно ниво

38

Американскиот национален долг достигна 35 трилиони долари за прв пат во историјата, покажуваат податоците на американското Министерство за финансии.
Канцеларијата за буџет на Конгресот на САД проценува дека националниот долг ќе се зголеми од 99 отсто од БДП во 2024 година на 122 отсто од БДП до 2034 година.

Истовремено, ММФ смета дека до 2032 година односот на американскиот јавен долг кон БДП ќе надмине 140 отсто. Фондот предупреди дека таквиот раст ја загрозува и националната и глобалната економија и ги повика властите во земјата што поскоро да започнат со намалување на долгот, пренесоа агенциите.