Американскиот производител на чипови Интел соопшти дека ја прекинал работата во Русија, приклучувајќи им се на голем број компании кои ја напуштиле земјата по нејзиниот напад врз Украина.
Корпорацијата, која минатиот месец ги суспендираше испораките на клиентите во Русија и Белорусија, соопшти дека имплементирала мерки за континуитет на бизнисот за да ги минимизира нарушувањата во нејзините глобални операции, објави Ројтерс.
„Интел продолжува да се придружува на глобалната заедница во осудата на руската војна против Украина и повикува на брз мир“, соопшти компанијата.
International Business Machines (IBM) исто така ги прекина испораките во Русија, откако Украина ги повика американските компании да го прекинат бизнисот во земјата.