Американскиот производител на чипови Micron инвестира 551 милион евра во својата фабрика во Кина

90

Најголемиот американски производител на мемориски чипови, Micron, денеска објави дека во наредните години ќе инвестира 551 милион евра во својата фабрика за пакување чипови во кинескиот град Ксиан.

„Овие инвестиции покажуваат дека Micron е непоколебливо посветен на водење бизнис во Кина“, рече шефот на Micron, Санџај Мехротра во изјава на кинеската социјална мрежа WeChat, пренесува Ројтерс.

Како дел од оваа инвестиција, Micron ќе купи опрема за пакување чипови од подружница на тајванската компанија Powertech Technologies во Ксиан.

Минатиот месец Пекинг им забрани на кинеските компании кои работат на клучни инфраструктурни проекти да ги користат производите на американскиот производител на полупроводници Micron, потсетува британската агенција.
Националниот регулатор, Управата за кибернетски простор на Кина (CAC), тогаш изјави дека Micron паднал на тест за сајбер безбедност.