
Трговскиот дефицит на САД за минатата година изнесуваше 901,5 милијарди долари, што е само за 0,2 проценти или 2,1 милијарди долари помалку отколку во 2024 година, според податоците објавени од Министерството за трговија на САД.
Само во декември, дефицитот на САД изнесуваше 70,3 милијарди долари, што е значително зголемување во однос на ноемвриските 53 милијарди долари и далеку над очекувањата на аналитичарите од 55,5 милијарди долари.
Минатата година, САД имаа најголем дефицит во трговијата со стоки со Европската Унија од 218,8 милијарди долари, по што следуваа Кина со 202,1 милијарди долари и Мексико со 196,9 милијарди долари, објавува CNBC.











