Американските акции без поголеми промени, фокусот е на растот на цените на нафтата и резултатите на компаниите

Акциите на американските берзи вчера забележаа минимални промени, додека инвеститорите го фокусираа своето внимание на порастот на цените на нафтата и новиот бран на објавување на кварталните деловни резултати на големите американски компании.

Акциониот индекс Dow Jones доби 66 поени, или 0,1 процент, како и S&P 500, додека Nasdaq ослабе за исто толку, објави CNBC.

Во исто време, цените на нафтата продолжија да растат (за два процента) по најновата рунда воздушни напади на САД врз Иран.