
Американските акции вчера малку паднаа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина го прекршила прелиминарниот договор и повторно ги разгоре стравувањата дека САД би можеле да влезат во долготрајна трговска војна.
Така, по отворањето на американските берзи, индексот Дау Џонс изгуби 17 поени, што е мал пад, а истото важи и за S&P 500, кој падна за 0,2 проценти, додека Nasdaq беше послаб за 0,4 проценти, CNBC.
Трамп во објава на социјалните мрежи тврдеше дека Кина го прекршила тековниот трговски договор со САД, што го рече откако американскиот министер за финансии Скот Бесант изјави дека преговорите меѓу двете најголеми економии во светот „дошле до мал застој“.











