Американските царини би можеле да ја турнат германската економија во рецесија (повторно)

Претседателот на германската централна банка (Дојче Бундесбанк), Јоаким Нагел, предупреди дека американските царини би можеле да ја турнат најголемата европска економија во рецесија.

Тој го изјави ова додека владата во Берлин размислува за потенцијална ревизија на својата фискална политика во оваа прилика, пренесува Мина.

„Можевме да очекуваме рецесија оваа година доколку навистина беа спроведени најавените царини“, рече Нагел, кој ја предводи Бундесбанката и е член на Управниот совет на Европската централна банка.

Според него, новите царини би можеле да ги влошат постоечките симптоми на „стагнантната германска економија“, која е оптоварена со пандемијата и енергетската криза предизвикана од западните санкции кон Русија поради тригодишната војна во Украина.

Европската унија во средата возврати на тарифите на американскиот претседател Доналд Трамп од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум (кои стапија на сила истиот ден), со серија контратарифи што треба да достигнат 26 милијарди евра американска стока на почетокот на април.