Американските царини го туркаат златото до рекордна цена

Цената на златото направи уште еден значаен скок од почетокот на годината поради надворешната економска политика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Златото речиси го проби нивото од 2.900 долари за унца (31,1 грам), во услови на неизвесност на глобалните пазари околу последиците од потенцијалните царини.

Златото започна минатата година по цена од 2.000 долари за унца и бележи силен раст во текот на изминатата година.

Историски гледано, златото е генерално средство кое најдобро функционира во време на криза и неизвесност. Жолтиот метал се третира како „безбедна инвестиција“ од глобалните несреќи. Најавените царини предизвикаа загриженост кај бизнисите и инвеститорите за последиците што тие би ги имале врз глобалната трговија и економската благосостојба. Многу инвеститори одлучија да се обезбедат во злато како форма на осигурување од потенцијални економски катастрофи, што доведе до ова значително зголемување на цената на почетокот на оваа година.