Американските ресторани IHOP го променија логото првпат по 20 години

40

ihop_logo_detail

IHOP го промени сопственото лого за прв пат по 20 години,вметнувајќи го “насмеаниот лик“ во новиот бренд.

Овој синџир од ресторани е основан во 1958 година во Толука Лејк, Калифорнија. Од менаџментот на компанијата велат дека се одлучиле да го користат популарното smiley, бидејќи тоа е доказ дека палачинките ги прават среќни нивните клиенти.

“Веќе 57 години IHOP рестораните им помагаат на милиони гости секоја недела да го започнат денот со насмевка. Сега со лансирање на новото лого, нашиот бренд ќе ги пренесе тие насмевки во животот на нашите потрошувачи“, се вели во соопштението на американскиот синџир на ресторани.