Соединетите Држави се обидуваат да ги убедат своите сојузници да воведат нови санкции кон Русија доколку избие војна со Украина. Доколку тоа се случи, тие ќе се фокусираат на извозот на оружје и енергија, што ќе ја чини Москва околу 50 милијарди долари, пишува германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на свои извори.
Според информациите цитирани од руските медиуми, јасно е дека драстичниот чекор го предложил шефот на ЦИА Вилијам Барнс при неговата посета на Берлин.
Во тоа време, американските власти побараа од германската влада да го забрани увозот на руски суровини и да го блокира лансирањето на гасоводот „Северен тек 2“ во случај Русија да изврши инвазија на суверена Украина.
Германија ги увериле САД дека во случај на воена инвазија, рускиот гас нема да помине низ гасоводот „Северен тек 2“, беше соопштено по билатералната средба.
Сепак, од кабинетот на канцеларот изразија сомнеж за целосно напуштање на гасовод.
Во последните недели Вашингтон и некои европски земји му се заканија на Кремљ со нова рунда „огромни“ санкции во случај на руски воен напад врз Украина. Тензиите растат секој ден, заедно со зголемувањето на бројот на руски и НАТО војници на границите на Украина.
Во исто време, Москва продолжува да тврди дека воената инвазија е шпекулација и дека има право да спроведува воени вежби во нејзините граници секогаш кога ќе смета дека е потребно.