![wine-bottles-2842709_640](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2025/02/wine-bottles-2842709_640.jpg)
Американските увозници складираат италијанско вино во страв од можни царини од Доналд Трамп, покажуваат податоците од винската индустрија.
Италијанскиот вински сојуз објави дека американскиот увоз на италијанско пенливо вино, се зголеми за 41 отсто во ноември откако Трамп беше избран за претседател на САД, бројка што далеку ги надминува сегашните потреби на потрошувачите, пренесува АП.
Ламберто Фрескобалди, претседател на италијанскиот сојуз на вино, смета дека е сосема природно пратките да се зголемат на крајот на годината, бидејќи постоела неизвесност дали царините на Трамп ќе ги погодат вината од Италија и со тоа значително ќе ги зголемат цените за американските потрошувачи.