Amnesty International Хрватска оди под стечај

25

amnesty International HrvatskaAmnesty International Хрватска престанува со работа во оваа земја. Ова го соопшти директорката на АИ Хрватска, Сања Фрајбергер, која им се заблагодари на сите коишто финансиски, но и со друга поддршка придонеле за промовирање и заштита на човековите права ширум светот.

“За жал, принудени сме да ги прекинеме досегашните активности и да започнеме стечајна постапка поради правни и финансиски проблеми кои се поврзани со правните постапки започнати од поранешни вработени во 2009 година. Во изминатите две години АИХ се обиде да пронајде мирно решение за да можеме да продолжиме со работата. Последните обиди на почетокот на годинава не успеаја и АИХ поради правни и финансиски обврски мора да се затвори”, соопшти Фрајбергер, пишува Т-портал.