Во екот на моменталниот недостиг на полупроводници, кој ги мачи различни индустрии ширум светот, Кристијано Амон – извршен директор на Qualcomm, објави интересни информации и дава трошка надеж.
Според Амон, глобалниот недостиг на чипови полека се намалува и се очекува ситуацијата да се подобри во текот на следната година.
„Снабдувањето е подобрено во текот на оваа година во однос на 2020 година и се очекува состојбата да биде уште подобра во 2022 годинa“, истакна Амон. Оваа изјава, дадена на 2 декември, е во спротивност со изјавите дадени претходно од Пат Гелсинџер, извршен директор на Интел, кој очекува глобалниот недостиг на чипови да продолжи до 2023 година.
Поради недостигот на чипови ширум светот, производителите на телефони не успеаја да набават доволно чипови за своите уреди и да ја задоволат побарувачката на пазарот. Сепак, некои производители на чипови, како што е MediaTek, забележаа раст на нивниот удел на пазарот.











