АМСС ќе го претстави првиот српски електромобил

27

electric-car-charge-plug

Авто мото сојузот на Србија (АМСС) најави дека утре, 18 јули, ќе го претстави првиот српски електричен автомобил, што за шест месеци успеаја да го направат инженерите од Центарот за мотоени возила. Во електромобилот се инвестирани околу 20.000 евра, јавува Танјуг.

Електричниот автомобил не бара скапи поправки и сервис, еколошки производ е, полесен е, едноставен и евтин за одржување. Со едно полнење може да помине до 150 километри.

Српскиот прототип се уште не може да се пушти во сообраќај, за што треба да добие конечна дозвола од Агенцијата за безбедност во сообраќајот.