Амстердам го ограничува бројот на туристи

117

Амстердам е популарна туристичка дестинација, всушност премногу популарна, заклучија градските власти, ограничувајќи го бројот на туристички ноќевања на 20 милиони годишно за да се ублажат ефектите од масовниот туризам.

Регулативата ќе го намали бројот на ноќевања за најмалку 10% и е значително поблага отколку што бара иницијативата на околу 30.000 граѓани бројот на ноќевања да биде ограничен на максимум 12 милиони годишно.

Во 2019 година, градот со 800.000 жители забележа речиси 22 милиони ноќевања, а во 2020 година нивниот број нагло опадна поради Ковид-19 пандемијата.

Според новата регулатива, градските власти ќе треба еднаш годишно да го објавуваат бројот на туристички ноќевања. Откако ќе го достигнат лимитот, ќе мора да интервенираат со мерки како што се зголемување на таксите за престој и ограничување на платформите за изнајмување сместување, како што е Arbnb.

Мерките всушност не се ни новост, бидејќи Амстердам веќе драстично ги заостри регулативите за дигиталните платформи, го ограничи бројот на хотелски кревети и одреди лимити за турите за разгледување на центарот на градот.

Фото Pixabay