Аналитичари: Инвестирајте во евро, заборавете на долар

14

Аналитичарите на Goldman Sachs им препорачуваат на инвеститорите да инвестираат долгорочно во еврото во време кога доларот достигна најниско ниво за еден и пол месец.

За време на тргувањето во понеделникот наутро во Европа, индексот на доларот падна за 0,5% наспроти корпата на главни валути.

Во петокот, Goldman Sachѕ ги зголеми своите прогнози за еврото во однос на доларот.