Надзорниот одбор на Триглав му додели нов петгодишен мандат на Андреј Слапар на местото претседател на Управата на најголемиот словенечки осигурувач, пишува љубљански Дневник.
Сегашниот мандат на Слапар истекува во ноември оваа година, а одлуката за продолжување на неговиот мандат е донесена едногласно.
Слапар во Управата на Триглав е именуван кон крајот на 2009 година, а водството го презеде по разрешувањето на Матјаж Раковец минатата година.