Во егзотичната Кенија се наоѓа Angama Mara, ултра луксузен ресорт што ги привлекува милионерите кои сакаат да избегаат од урбаната џунгла на романтичен одмор во дивината. Освен сиот луксуз и погодности, ресортот нуди неверојатен поглед на саваната со целата нејзина флора и единствена шанса да се види Големата миграција што се случува од јули до октомври.
Јадењата што се нудат се исклучиво органски, додека 15-те куќички каде се сместуваат гостите, се направени целосно од дрво и дополнети со павилјони за подобар видик.
Во внатрешноста на куќичките преовладуваат црвена, кафена и металик боја, а ѕидовите ги красат уметнички дела во духот на традицијата. Тука се и рачно изработениот внатрешен бар, библиотека и батлер услуга за утрински чај.