Ангеловска: Издадени над 100.000 домашни платежни картички вредни околу девет милиони евра

39

Над 100.000 домашни платежни картички во вредност од околу девет милиони евра се издадени на граѓаните, напиша на официјалниот Facebook профил, министерката за финансии Нина Ангеловска.

Матичните броеви од граѓаните кои поднеле приговори се испратени до институциите кои извршуваат проверка дали истите ги исполнуваат условите поставени во Уредбата.

По извршените проверки ќе бидат информирани граѓаните чии приговори се прифатени и истите ќе бидат додадени на листата на граѓани на кои им следи поддршка и соодветно распределени во банките издавачи.

Банките забрзано работат на печатење и издавање на #ДомашнаПлатежнаКартичка.
До сега се персонализирани и испечатени над 250.000 картички. До крајот на неделава ќе се испечатат сите картички предвидени со иницијалната листа.
Од следната недела, се очекува да се печатат картичките по уважените приговори.

Сите кои ги исполнуваат поставените критериуми во уредбата ќе ја добијат финансиската поддршка преку домашната платежна картичка.

Фото: Facebook