Англиско “сино” сирење победник на World Cheese Awards

239

world_champНа 26-тите World Cheese Awards, кои се одржаа во Лондон како дел од шоуто на BBC, Good Food, првата награда ја освои сирењето Bath Blue, произведено од трета генерација сточари кои неодамна почнале со производство на сирење.

На интернационалниот натпревар Bath Blue победи во трка со уште 2.600 видови на сирења од Франција, Швајцарија, Германија, Нов Зеланд, Канада, Јужна Африка, Мексико, Аргентина и Бразил.

cheese-awards_3107638c

Деликатесното сирење е произведено со органско млеко кое потоа е оставено да “стасува” во традиционални камени соби 8 до 10 недели.

World-Cheese-Awards-600x400

Второто место му припадна на кедар сирење од производителот Barbers Farmhouse, исто така од Велика Британија, а третото на хрватскиот Dinarski Sir, сирење кое е мешавина од кравјо и козјо млеко, од производителот Sirana Gligora.

Judging-time-at-the-world-cheese-awards