Ангус Дитон добитник на Нобеловата награда за економија

55

British-born economist Angus Deaton of Princeton University answers questions in a news conference after winning the 2015 economics Nobel Prize on the Princeton University campus in Princeton

Професорот Ангус Дитон е добитник на Нобеловата награда за економија за неговите заложби за глобален развој на здравјето, благосостојбата и еднаквоста меѓу луѓето, пишува Guardian.

Комитетот за доделување на Нобеловата награда истакна дека Дитон има големо влијание во креирањето јавни политики, помагајќи им на владите да утврдат како различни социјални групи реагираат на одредени даночни промени.

“Да се дизајнира економска политика којашто промовира благосостојба и намалување на сиромаштијата, најпрво мора да се разбере индивидуалниот избор на потрошувачката. Преку поврзување на индивидуалниот избор и вкупните резултати, неговото истражување помогна да се трансформираат три области: микроекономија, макроекономија и развојна економија“, велат од Кралската шведска академија на науките.

Дитон е роден на 19-ти октомври 1945 година во Единбург, Шкотска. Неговото образование го добива на Универзитетот Кембриџ, каде во 1975 година докторира со тезата Модели на побарувачка и нивната примена во Обединетото Кралство. Од 1983 година работел на Универзитетот Принстон во САД, како професор по меѓународни односи и економија.