Анѓушев и компанијата Фероинвест – супер бизнис шампиони во југоисточна Европа за 2014

163

Najdobra kompanija i najdobar menadzer za Jugoistocna i Sredna Evropa se Feroinvest i Koco Angjusev

Кочо Анѓушев и компанијата Фероинвест се избрани за најменаџер и најкомпанија на годината од југоисточна Европа.

На традиционалниот 30-ти избор што се одржа на трети јули во Сараево организиран од страна на Агенцијата за избор на најдобар менаџер и компанија за југоисточна и средна Европа, македонската компанија Фероинвест е прогласена за супер бизнис шампион. Анѓушев беше избран за најдобар менаџер со уште 20-тина истакнати бизнисмени од регионот.

“Овој тип на награди покажуваат дека јас и компаниите во склоп на Групацијата Фероинвест одат во вистински правец во својот развој. За една деценија успеавме да се позициниораме на пазарот во Македонија, но и пошироко како компанија што зад себе има големо портфолио на клиенти и нуди висок степен на квалитет на своите производи и услуги. Македонската групација Фероинвест е позиционирана како силна компанија во регионот и тоа е уште еден показател дека македонските компании со себе имаат висок степен на квалитет и професионалност“, изјави Анѓушев.

Во склоп на Фероинвест групација се компаниите Брако, ЕДС, Аквават, Mали хидроелектрани, Еnergy Maintenance Solutions. Брако е една од најголемите извозно ориентирани компании во Македонија и лидер во производство на жичани производи. ЕДС е македонска компанија што се понуди вистински избор на либерализираниот пазар на струја, каде има најголема балансна група и за свои клиенти ги има најдобрите македонски компании. Малите хидроелектрани со своите 19 проекти коишто за првпат беа изведени од страна на групацијата Фероинвест ја проставуваат компанијата како лидер за производство на енергија од обновливи извори. За потребите на дизајнирање и комплетно изведување на малите хидроелектрани е поставена компанијата Аквават, а компанијата Еnergy Maintenance Solutions е задолжена за одржување на хидроелектраните.

Фероинвест со своите компании и околу 600 вработени е најбрзо растечка групација во Македонија.