Анимирани вести како иднина на информативните емисии

48
Емисијата Tooning Out the News, би можела да го обележи почетокот на нова еволуција на информативните програми коишто покрај интервјуа ќе опфаќа и дневни настани.

CBS смисли нов начин да привлече повеќе гледачи и произведе емисија со уникатен формат. Станува збор за анимирана серија со talk show формат, којашто ќе нуди вести од реалниот свет и интервјуа со вистински гости, пишува Engadget.

Се претпоставува дека идејата доаѓа во склоп на стратегијата за борба против поголемата конкуренција, имајќи предвид дека има сè повеќе медиуми, а сè помалку простор.

Датумот на премиерата не е познат, како ни гостите, но се очекува емисијата да привлече внимание веднаш по првото емитување, имајќи предвид дека публиката секогаш сака нешто свежо и поинакво.

Фото:Youtube