Кога станува збор за плаќањето, грчките потрошувачи се најнестабилни во споредба со потрошувачите од другите европски земји, со само 69,5% навремено плаќање на нивните сметки. Од друга страна, Романците се постабилни со плаќање на 92,2% од сите долгови во рамките на утврдениот рок. Оваа бројка ги става на прво место во споредбата на земји, пред руските (90,0%) и германските (82,4%) потрошувачи.
Општо земено, корпоративните потрошувачи често плаќаат само откако ќе истече рокот за плаќање. Просечните бројки од сите земји покажуваат дека малку под 80% (78,4%) од сметките за кои се должни приватни лица се плаќаат на време, во споредба со 71,2% во рамките на деловниот сектор. Со 74,6% навремено извршени плаќања (2011 година: 62,7%), Источна Европа покажува малку подобро однесување во однос на плаќањето отколку Западна Европа, каде што 72,1% од сите сметки се плаќаат пред истекувањето на утврдениот рок (2011 година: 75,5%).
Ова се резултатите од Анкетата на EOS на десет нации под наслов „Европски платежни практики“, којашто ја спроведе институтот за истражување на пазарот Ipsos во име на меѓународната Групација EOS, по петти последователен пат во 2012 година.