Анкета: Подготвени се да примаат пониска плата, само да работат од дома

59
Empty wooden office desk with laptop and digital tablet on it with comfortable chair and designed shelf on the wall

Голем број Американци велат дека би биле подготвени да работат за пониска плата, да се откажат од слободните денови или да работат повеќе, само доколку работодавачот им понуди работа од дома, објави Блумберг.

Според анкета спроведена минатиот месец врз 1.000 луѓе – 65% од американските работници, кои наведуваат дека нивната работа може да се заврши од далечина, се подготвени да земаат пониска плата за да останат да работат од дома.

Повеќето луѓе велат дека се подготвени да им бидат намалени платите за најмногу пет отсто, додека 15% од испитаниците велат дека се подготвени да се откажат од 25 % од платата.

Четириесет и шест отсто се со став дека можат да се откажат од една четвртина од слободните денови, а 15% велат дека ќе се откажат од сите платени слободни денови само за да работат од дома.

Фото: Freepik