Анонимуси ја хакираа руската Централна Банка – ќе објават над 35 илјади документи

144

Анонимнуси тврдат дека ја хакирале Централната банка на Русија.
„Повеќе од 35.000 документи ќе бидат објавени во рок од 48 часа, а тајните договори ќе бидат обелоденети“, велат од Анонимуси.

Пред неколку дена хакери објавија дека хакирале голем број печатачи во Русија и на тој начин ширеле антивоена пропаганда.

„Два часа испраќаме инструкции низ Русија за печатење антивоена пропаганда и досега отпечативме повеќе од 100.000 примероци“, објавија Анонимуси на Твитер.

Анонимус му објавија војна на Путин на самиот почеток на неговата инвазија на Украина.

„Анонимусите официјално се во сајбер војна против руската влада“, објавија тие на Твитер на 25 февруари.

Тие најавија дека цел на нивните хакерски напади ќе бидат и компаниите кои и натаму работат во Русија.