Антонио Филоза со нова визија: Инвестициите на „Стелантис“ се селат кај најпрофитабилните

Автомобилската група „Стелантис“ подготвува голема промена во стратегијата и, според извештаите, ќе ги фокусира инвестициите на четири клучни брендови: „Фиат“, „Џип“, „Рам“ и „Пежо“.

Новиот директор, Антонио Филоза, наводно нема да затвори ниту еден од 14-те брендови, но буџетот ќе биде насочен повеќе кон оние што носат најголем обем на продажба.

Ова значи дека другите производители во рамките на групацијата ќе имаат специфични улоги – фокус на специфични пазари или сегменти, пишува Motor1.

Брендови како што се Alfa Romeo, Opel и Citroen би можеле да користат заеднички механички платформи развиени од големите марки, но да го задржат својот дизајн и идентитет. Се споменува и можноста за „преименување“ на моделот во зависност од пазарот.

Помалите брендови во иднина би можеле да имаат ограничено присуство на пазарот или да бидат фокусирани на одредени земји, како што некогаш беше случај со брендот Lancia. Исто така, не е исклучено намалување на присуството на брендови како што е Abarthi DS.

Maserati не е на продажба

Кога станува збор за луксузни брендови, Maserati не е на продажба, а се планира посилна поврзаност со брендот Alfa Romeo преку заеднички развој на нови модели.

На американскиот пазар ситуацијата е помалку јасна – Крајслер не се споменува меѓу приоритетите, но компанијата најавува нов почеток преку развој на нови модели. Во исто време, Доџ останува во плановите, со инвестиција од 130 милиони долари за моделот Дуранго од новата генерација. Официјалната стратегија ќе биде претставена во мај, кога се очекува да бидат потврдени големите инвестиции во четирите главни брендови, додека остатокот од портфолиото ќе добие попрецизно дефинирани улоги во рамките на групацијата.