Аплицирајте за новата акцелераторска програма на ЦЕЕД Хаб Скопје!

3

slika

Од денеска имате можност да аплицирате за новата акцелераторска програма на ЦЕЕД Хаб Скопје!

ЦЕЕД Хаб Скопје преку Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од ЦЕЕД Македонија, обезбеди Акцелераторски инвестициски фонд од 30.000 долари, коишто ќе бидат инвестирани во селектирани стартапи.

Акцелераторската програма, која трае 14 недели, на стартапите ќе им обезбеди работен простор, ментори, советници, многу настани, едукација, вмрежување, поддршка во развојот на производите или услугите. На крајот, стартапите ќе имаат Demo Day, односно можност своите идеи да ги претстават пред инвеститори, бизнис ангели, инвестициски фондови.

Ако сте:

  • регистрирана компанија во Македонија не постара од 5 години
  • или би се регистрирале до крајот на февруари
  • ако сте посветен и функционални тим и имате некаков прототип
  • ако решавате проблеми со флексибилен начин на размислување и сте подготвени за промени

Аплицирајте до 10-ти февруари!

Апликацијата ќе ја најдете на следниот линк:

https://ceedhubskopje.typeform.com/to/T6ZPAB

ЦЕЕД Хаб Скопје е акцелератор и коворкинг простор, место коешто обезбедува пристап до иновативна и инспиративна работна околина за претприемачи и компании во рана фаза, фриленсери и поединци кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис.

ЦЕЕД Хаб Скопје нуди работна околина – биро, пристап до интернет и сала за состаноци, пристап до информации, пристап до знаење, пристап до потенцијални партнери, клиенти и пазари – преку Б2Б и нетворкинг настани, пристап до финансии – презентација пред Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија и поддршка од професионалци за иновации и креативно размислување – совети од консултанти за иновации и бизнис менаџмент.

*Само избраните кандидати/стартапи ќе бидат контактирани со повеќе детали за програмата.