Апликациите на Facebook повлечени од смартфоните на Huawei

41

Facebook се приклучи во низата компании коишто ја прекинуваат соработката со кинескиот производител Huawei, пишува CNN.

Социјалната мрежа повеќе нема да дозволува инсталација на нејзините апликации Facebook, WhatsApp и Instagram на смартфоните од Huawei.

Ова се однесува само на телефоните што се во производство, додека корисниците кои веќе поседуваат смартфони од кинеската компанија ќе продолжат да ги користат и надградуваат апликациите на најголемиот социјален медиум.

Со цел да ја олесни ситуацијата во којашто се најде, откако беше ставена на црната листа, Huawei започнува да развива сопствен оперативен систем.

Од најголемиот телекомуникациски провајдер велат дека би сакале да ја продолжат соработката со Microsoft и Google, доколку е возможно. Двете компании, исто така, престанаа да обезбедуваат софтвер за телефоните на Huawei.

Фото: Pixabay