Апликација пресметува колку е безбеден вашиот лет

22

Патувањето со авион во исто време е и возбудливо, но и носи многу стрес. Брачна двојка од САД стои зад апликацијата Am I going down, која има за задача да пресмета колкава е веројатноста дали ќе се урне некој авион.

За да се пресмета колкава е веројатноста за евентуален пад, неопходно е корисникот да внесе податоци како што е вид на авионот, аеродромот од каде што полетува и слетува, авиопревозникот и слично.

avionska aplikacija

Апликацијата, користејќи релевантни статистички податоци за досегашните несреќи и проблеми во летовите, ќе ја пресмета веројатноста за падот.

Am I going down е достапна за корисниците на iOS оперативен систем по цена од 99 центи.