Стопанска банка вчера ја промовираше својата апликција за паметните мобилни телефони преку која на корисникот ќе му бидат достапни сите услуги на банката.
Апликацијата овозможува од кое било место и во секое време да се направи проверка на локации и работно време на филијали, банкомати, трговци кај кои може да се плаќа, курсна листа, кредитни и депозитни производи, каматни стапки… Најголем бенефит е m-banking сервисот кој овозможува клиентите да се најават со свое корисничко име и лозинка и да имаат постојан увид во сопствените сметки, картички, изводи, извештаи и други податоци во секое време, нагласуваат од банката.
Главниот извршен директор на Стопанска банка Глигор Бишев истакна дека ова е дел од кампањата „секогаш први“.
„Пред две години воведовме плаќање преку банкомат, пред една година телефонско банкарство и сега воведуваме мобилно банкарско работење“, рече Бишев.
Мобилната апликација е бесплатно достапна за сите корисници на паметни телефони кои користат Андроид оперативен систем или iPhone платформа.