Апликација за полесно наоѓање на плажи

28

Дејан Грепо од Сплит креираше апликација која одговара на најчестото прашање на секој гостин, додека летува на јадранскиот брег – каде е плажата?

Тој создаде мобилна апликација наречена Plaja – Beach Finder која е достапна за уреди со Android и iOS, а може да се преземе бесплатно.

Тој ја смислил оваа апликација откако ја поминал осумнеделната StartIT академија на округот Сплит-Далмација, програма за претприемништво, наменета за поединци и тимови кои планираат да развијат сопствен ИТ производ или услуга.

За само три месеци дигитализирани се над 35% од хрватскиот брег, што значи дека преку апликацијата е можно да се добијат локации и други информации за повеќе од 500 плажи во сите жупании. Со цел да се покаже точното растојание од плажата, самата апликација се потпира на локацијата на телефонот, па затоа треба да и се даде соодветно одобрение.

Достапните плажи се категоризирани, така што, на пример, лесно е да се најдат плажи каде што им е дозволен пристап на кучињата или да ги филтрираат плажите по тип: песочна,  сокамчиња или карпести. Апликацијата нуди и неколку основни информации за самите плажи, како и фотографии за да се донесе одлука за плажата каде туристите би сакале да се одморат.

Фото: Pixabay