Фото: Pexels
Неправилното чукање на срцето, доколку не се контролира, може да доведе до мозочен удар, згрутчување на крвта или срцева слабост. Покрај широката употреба на ЕКГ-то, тим истражувачи отишле малку подалеку со цел да се подобри дијагнозата кај болните, пренесува New Atlas.
Имено, научници од финскиот универзитет во Турку заедно со колегите во Универзитетската болница, пред неколку години испитувале дали малите акцелерометри може да се користат за откривање на аритимија, односно неправилно срцево работење. Откако се открило дека е возможно, тимот почнал да бара решение како истите мерачи да се имплементираат во паметни телефони.
За таа цел, предводени од истражувачот Теро Коивисто научниците неодамна создадоа апликација, којашто ги детектира и анализира отчукувањата на срцето кога телефонот ќе се постави врз градите на пациентот. Во едно истражување спроведено на 300 пациенти, од кои половината имале неправилно чукање на срцето, апликацијата била 96% прецизна при откривање на состојбата.
Моментално апликацијата се развива за комерцијализација, благодарение на компанијата Precordior Ltd. Крајната е цел е истата да ја користат самите пациенти за самопроверка, како и лекарите и медицинскиот персонал во болниците.