Apple -1, првиот персонален компјутер оди на аукција

669

first-apple-computer-apple-1-with-home-made-wooden-case

Сметачот Apple-1, кој беше направен од страна на Стив Џобс и Стив Вознијак во 1976, во 200 примероци, се смета за првиот производ на најбогатата компанија на светот, како и првиот персонален компјутер во светот.

Еден примерок од Apple-1 којшто досега припаѓаше на неименуван американски колекционер, оваа недела ќе биде ставен на аукција во аукциската куќа Бонхемс.

Овој сметач, пред скоро 40 години се продавал за цена од 666 долари, а се претпоставува дека денес има 60 вакви компјутери кои се во приватна сопственост. За петнаесет од нив е потврдено дека се уште функционираат, а еден е нив е токму овој, кој наскоро ќе биде продаден на аукција.

Од аукциската куќа потврдуваат дека овој Apple-1 е досега најзачуваниот компјутер од серијата. Очекувањата се да достигне цена од дури пола милион долари.