Apple дизајнираше заштитна маска за своите вработени

29

Технолошкиот гигант Apple дизајнираше заштитна маска за своите вработени. Иако поради пандемијата многу од продавниците на Apple беа затворени, сега оние што повторно се отворени на вработените ќе им ја обезбедат потребната безбедност и намален ризик од ширење на заразата.

Маската е составена од неколку различни делови што лесно може да се постават, а после секоја употреба може да се испере и повторно да се користи.

Дизајнерите од Apple се погрижиле маската да им биде удобна на кои имаат постојана комуникација со луѓето.

На надворешната страна од кутијата на маската има инвентарски број, според којшто вработените ќе може да водат евиденција колку маски се издадени и кога е време за нова порачка.

Засега маската не е за масовна продажба, туку само за потребите на вработените.

Фото: Pexels