Apple донира девет милиони заштитни маски за болниците во САД

45

Технолошкиот гигант Apple ќе донира девет милиони маски од типот N95 за заштита во болниците низ Калифорнија што третираат пациенти заболени од коронавирус, пишува Forbes.

Со оваа иницијатива, Apple им се приклучува на технолошките компании што ги помагаат болниците во САД.

Претходно, главниот извршен директор на Apple, Тим Кук изјави дека компанијата работи на изнаоѓање помош за здравствените установи што се борат со Ковид – 19.

Инаку, N95 се заштитни маски со висока заштита бидејќи филтрираат 95% од честичките што се наоѓаат во воздухот.

Фото: Pixabay