Apple држи 75 проценти од заработката на пазарот на смартфони

82

Android има многу поширока и поголема корисничка база кога станува збор за инсталирани уреди, во споредба со iOS на Apple. И покрај тоа што Apple управува со помал дел од пазарот, компанијата од Купертино всушност е лидер по заработка на пазарот на телефони, според истражувањето на Counterpoint Research.

Според извештајот, во текот на вториот квартал од 2021 година, Apple успеа да постигне 75% од оперативните приходи на пазарот на смартфони и 40 проценти од приходите. Ова е и покрај фактот дека Apple држи само 13% од глобалната испорака на мобилни телефони.
Counterpoint сугерира дека причината за тоа е силниот бренд на компанијата – и покрај високите цени на iPhone, корисниците сепак ги купуваат.

Извештајот напоменува и дека приходот од 40% е нешто помал во споредба со она што е остварено во текот на четвртиот квартал 2020 година, кога уделот во приходите на Apple на пазарот на телефони изнесуваше 50 проценти.

Треба да се истакне дека овие пресметки и бројки не се официјални, бидејќи Apple не споделува податоци за продажбата или испораката на своите iPhone уреди, па споменатата статистика е најдобро да се земе како номинална вредност.