Apple е првата компанија вредна еден трилион долари

21

Фото: Pixabay

Технолошкиот гигант Apple стана првата компанија на светот која што достигна пазарна вредност од еден трилион долари (1.000 милијарди), пишува The Independent.

Цената на акциите на Apple на њујоршката берза пораснаа на 207 долари, со што пазарната капитализација на компанијата премина 2 милијарди долари.

Инаку Apple последниве неколку години доминира на листата на највредни компании на светот и нејзината пазарна вредност се движеше 900-950 милијарди долари, а после објавувањето на последните резултати кога повторно имаа обрт од милијарда долари надминувајќи ги и очекувањата на аналитичарите, прашање на денови беше кога ќе се помине границата од еден трилион.

Во текот на три месеци од април до крајот на јуни, Apple оствари приходи поголеми од 53 милијарди долари, што претставува зголемување од 17% во однос на истиот период лани, додека профитот порасна за 32% и достигна 11,5 милијарди долари.

Исто така и за тековниот квартал се најавени прходи 60-62 милијарди долари.