Apple е загрижен поради Кина

20

Приходите на Apple не само што се зголемија за време на празниците, туку ги надминаа очекувањата на аналитичарите. Сепак, акциите на Apple паѓаат поради зголемената загриженост за падот на продажбата во Кина.

Акциите паднаа за 2% што е многу загрижувачки.

Приходите на Apple беа 119,6 милијарди долари во последниот квартал, што е за 2% повеќе во однос на претходната година и над проценките од 118,3 милијарди долари. Со ова заврши серијата падови на приходите. Заработката се зголеми за 6% или 69,7 милијарди долари, а приходите од услуги се зголемија. Apple Services оствари приход од 23,1 милијарди долари, што е 11% повеќе од годишно ниво.

Црн облак над растот на приходите на Apple фрли Кина. Во Кина продажбата падна за 3 милијарди долари. Зголемениот притисок од Huawei, како и ограничувањата наметнати од Пекинг за производите на Apple во владините агенции поради геополитичките тензии со Вашингтон, придонесоа за овој пад.