Apple ги претстави iPad Air и iPad mini

24

Фото: Apple

Технолошкиот гигант Apple го претстави новиот iPad Air со ултра тенок дизајн, екран од 10,5 инчи со поддршка за Apple Pencil1 и високи перформанси по достапна цена, стои на официјалната страница на компанијата од Калифорнија.

Apple, исто така, го претстави и новиот 7,9-инчен iPad mini, што е нова и подобрена верзија наменета за iPad фановите кои сакаат компактен ултра тенок дизајн, што располагасо најнова технологија.

Овие два уреда ги има во три нијанси: сребрена, сива и златна со конфигурација од 64 GB и 256 GB. Новиот iPad mini има почетна цена од 399 долари за Wi – Fi моделот, додека за 529 долари се добива Wi – Fi + Cellular mode. Почетната цена на iPad Air е 499 долари за Wi – Fi моделот, додека 629 долари ќе чини со дополнителен Cellular mode.

Apple Pencil од првата генерација е достапен по цена од 99 долари, а Smart Keyboard за 10,5-инчниот iPad Air е достапна по цена од 159 долари, а нуди поддршка на над 30 јазици, вклучувајќи поедноставен кинески, француски, германски, јапонски и шпански јазик.