Apple ги претстави iPhone 6, iPhone 6 Plus и iWatch

83

iphone 6 i plus

Технолошкиот гигант Apple вчера го организираше долго очекуваниот настан во Сан Франциско, на кој првиот човек на компанијата, Тим Кук ги претстави iPhone 6 и iPhone 6 Plus, како и првиот паметен часовник под името Apple Watch.

debelina iphone

Новиот iPhone доаѓа со нов Retina HD екран, а позадината на овој мобилен телефон е изработена од  алуминиум. iPhone 6 е со екран од 4,7 инчи, а iPhone 6 Plus со 5,5 инчи. Резолуцијата е 1920 х 1080 пиксели, додека неговата дебелина е 6,9 милиметри, а на iPhone 6 Plus e 7,1 милиметри.

ekrani

Во овие мобилни уреди е вграден процесор А8 кој е за 13% помал од А7 и кој нуди за 25% подобрени перформанси, а е дури 50 пати побрз од процесорот што го имаше првиот iPhone. Енергетската ефикасност на процесорот А8 е 50% подобра за разлика од претходната генерација процесори. Графичките перформанси се 84 пати подобри за разлика од оние на првиот iPhone.

Камерата има резолуција од осум мегапиксели, True Tone блиц и f/2 бленда. Предната – selfie камера прима 81% повеќе светлина за разлика од претходниот iPhone.

baterija iphone 1

Батеријата на iPhone 6 “држи“ 14 часа разговори преку 3G мрежата, додека на iPhone plus 24 часа. На iPhone 6 батеријата на stand by трае 10 дена, а на поголемиот модел 16 дена.

iphone cena

Цената, со двегодишен договор во САД за iPhone со меморија од 16, 64 и 128 GB, ќе биде од 199, 299 и 399 долари. Од 19 септември ќе може да се купи само во неколку земји, а до крајот на годината ќе биде достапен во 115 земји ширум светот. Цената на iPhone 6 Plus е за 100 долари поголема во зависност од меморијата на мобилниот телефон.

apple watch

Apple Watch, пак, е замислен како часовник кој воедно е и уред за фитнес и следење на здравјето. Паметниот телефон има сафирно стакло, а копчето од десната страна се нарекува Digital Crown. Станува збор за своевидно Home копче, но и за зумирање на приказот на екранот. Под него се наоѓа уште едно копче со кое се активира листата на контакти.

Apple CEO Tim Cook speaks during an Apple event announcing the iPhone 6 and the Apple Watch at the Flint Center in Cupertino

Екранот на овој паметен телефон разликува допир и притисок. Во самиот телефон има вградено читач на пулс, жироскоп, акцелерометар… Ќе биде достапен со шест различни ременчиња и механизам што овозможува нивна замена. Ременчињата ќе бидат кожни, метални, пластични.

Apple Watch with CEO Tim Cook

Со овој часовник неопходно е да се користи iPhone. Корисничкиот интерфејс е замислен како “центар на вселената“, а со зумирањето се влегува во различни “соседства“ преку апликациите.

izr2jUBqqq7A

Цената на часовниците започнува од 349 долари, а може да функционира со iPhone 5 и со најновиот модел, а ќе биде достапен на почетокот на 2015 година.

0909_five_questions_970-630x420