
Американскиот технолошки гигант „Епл“ ангажираше карго летови за транспорт на вкупно 600 тони „ајфон“ или дури 1,5 милиони уреди од Индија до САД, поттикнат од желбата да ги „победи“ тарифите што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп.
Според анонимни извори на Ројтерс, од март од Индија полетале околу шест товарни авиони од 100 тони со телефони на Apple iPhone.
Тежината на пакувањето на iPhone 14 и неговиот кабел за полнење достигнува околу 350 грама, покажуваат мерењата на британската агенција, што имплицира дека вкупниот товар од 600 тони вклучувал околу 1,5 милиони iPhone.
Printscreen