Apple ги забрза плановите за префрлање на производството од Кина

78

Американскиот Apple планира да премести дел од своето производство надвор од Кина, велат луѓето вклучени во процесот, за да се избегнат прекини од Ковид и се почестите и насилни работнички немири.

Погоден од заклучување на пандемијата и протести на работниците во фабриките на Foxconn, производителот на iPhone се обидува да го диверзифицира синџирот на снабдување кој претходно беше клучен за неговиот раст.

Последните немири во кинеските фабрики се одразија и на падот на акциите на Apple.

Плановите за преместување на дел од производството постоеја и претходно, но во последните недели тие беа забрзани, со што Кина ќе го загуби статусот на доминантна земја во синџирот на снабдување на Apple, што влијаеше на изградбата на највредната компанија во светот.

Извори запознаени со активностите на Apple велат дека компанијата им кажува на добавувачите поактивно да планираат да склопуваат производи на Apple во други делови на Азија, особено во Индија и Виетнам.

Во гигантскиот град Женгжу, Кина, дури 300.000 работници работат во фабрика за производство на iPhone и други производи на Apple, која ја води Foxconn.