
Apple веќе не е на првото место во продажбата на паметни телефони во Кина, откако беше престигнат од локалните ривали Vivo и Huawei во 2024 година.
Годишните испораки на производителот на iPhone во земјата се намалени за 17 отсто, покажуваат податоците на Canalys, една од водечките глобални компании за анализа на технолошкиот пазар.
Ова е најлошиот годишен резултат што Apple некогаш го доживеал на кинескиот пазар и вклучува пад на продажбата во сите четири квартали. Во последната падот изнесуваше дури 25 проценти.
Во текот на 2024 година, Vivo достигна пазарен удел во Кина од 17 проценти. Зад него е Huawei со 16 проценти, а потоа Apple со 15 проценти.
Еден фактор што одигра улога во поткопувањето на конкурентноста на Apple беше недостатокот на вештачка интелигенција во најновите iPhone-и продадени во Кина, каде што ChatGPT не е достапен.
„Позицијата на Apple на пазарот се соочува со повеќе предизвици. Ова се постојано ажурирани изданија на клучните производи на Huawei, проширување на домашните телефони со преклопување во сегментот на производи од високата класа и градење на лојалност на клиентите кон брендовите на Android како што се Xiaomi и Vivo преку технолошки иновации“, посочува аналитичарот на Canalys, Тоби Жу.
„Епл“ уживаше постојан раст во изминатите четири години, откако американските санкции му ускратија на Huawei пристап до американската технологија.
Сепак, од август 2023 година, Huawei успешно се врати на премиум пазарот со лансирање на нови мобилни телефони со кинески чипови. Во последниот квартал од минатата година, компанијата ја зголеми продажбата за 24 отсто во однос на истиот период претходната година.
Затоа, производителот на iPhone се сврте кон невообичаени попусти на локалниот пазар за да ја зголеми продажбата. Од 4-ти до 7-ми јануари моделот iPhone 16 беше понуден по пониска цена до 68,50 долари за купување преку официјалниот канал.
Водечките кинески платформи за онлајн шопинг одговорија со свои промоции, при што Alibaba понуди попуст до 137 долари на истиот модел на мобилен телефон.