Apple го купи стартапот Emotient

42

emotient-young-woman-making-facial-expressionsТехнолошкиот гигант Apple го купи стартапот Emotient којшто користи вештачка интелигенција за препознавање на емоциите кај луѓето преку изразите на лицето, пишува Nakedsecurity.

Како што велат од Emotient, тие се моментално лидери во детектирање на емоции на овој начин, со цел истите да послужат да се оцени реакцијата на купувачот кога гледа одредени реклами, производи, содржина, услуга и слично.

Софтверот на стартапот работи на тој начин што ги “преведува” анализираните емоции во мерлив KPI (клучен показатек за ефикасноста) што може да се разложи, мери и споредува.

Потоа ги дефинира микро-емоциите според три показатели: дали субјектот обрнува внимание на рекламата, дали емоционално се поврзува и дали покажува негативна/позитивна емоција.

Сепак, технологија наидува на отпор поради нарушување на приватноста. Но, од Emotient тврдат дека компанијата не открива никакви информации за личноста и дека нивниот софтвер служи само како агрегатор на информации.