Фото: Pixabay
Технолошкиот гигант Apple го купи стартапот за вештачка интелигенција Silk Labs, чијашто специјалност е приватност на корисниците, пишува Engadget.
Компанијата во 2016 година успешно претстави паметна камера за мониторинг на домот со којашто “се пофали“ со имплементирана вештачка интелигенција. Наречена Sense, камерата, благодарение на својот софтвер, препознава повеќе луѓе истовремено, па дури и домашни миленици. Освен тоа, може да “пушти“ музика според вкусот на корисникот.
Silk Labs ќе му помогне на Apple да го прошири портфолиото на паметни уреди за домот, со тоа што ќе понуди уникатна можност за приватност на корисниците.
Стартапот е основан во 2015 година од страна на поранешниот директор за технологија на Mozilla, Андреас Гал. Моментално компанијата има шест вработени и доби четири милиони долари преку кампања за финансирање.