Apple го мерка Twitter, цената расте

23

twitter-appleСледната година Twitter ќе биде подготвен за иницијална јавна понуда, според пишувањето на Форбс. Неговата пазарна вредност е проценета на 11 милијарди долари, според проценките на Гринкрест, реномирана компанија која се занимава со финансиски анализи.

Во јули минатата година Twitter вредеше осум милијарди долари, а на зголемување на неговата вредност влијаеја неколку фактори, пред се растот на бројот на корисници, како и новиот инструмент на монетизација. Покрај тоа, на цената на Twitter влијание имаа и гласините дека ќе го купи компанијата Apple.

Коосновачот и претседател на управниот одбор на Twitter, Џек Дорси, веќе подолго време истакнува дека компанијата ќе се одлучи за овој чекор кога ќе почувствува дека се подготвени за тоа.

Twitter има 200 милиони активни корисници, според бројките од средината на декември. Но, сите корисници не учествуваат на ист начин, па така 40% од нив само читаат пораки.